Според објавата на Ѓорѓиевски, меѓу темите биле напредокот на локалната самоуправа, јакнењето на општините и заедничките чекори кон поквалитетни услуги за граѓаните.
Во делегацијата биле Андерс Кнапе и Матијас Гисин, коизвестувачи и членови на Конгресот, Ивета Реинхолде, експертка за Европската повелба за локална самоуправа, и претставници на Секретаријатот на Конгресот.
Ѓорѓиевски рече дека на средбата ја истакнал финансиската поддршка од Владата за општински инфраструктурни проекти. Тој ги посочил и унапредената соработка со министерствата и новиот меморандум меѓу Владата и ЗЕЛС како основа за заеднички резултати.
Тој ја нагласил и заложбата за натамошна децентрализација, финансиски посилни општини и поефикасна локална администрација.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.