Сиљановска-Давкова побара јасни, предвидливи и објективни критериуми, засновани врз темелните европски вредности и постигнатите реформски резултати. Таа ѝ се заблагодари на Естонија за поддршката на македонскиот евроинтегративен пат.
Ванамолдер укажа на неизвесноста на преговарачкиот процес поврзана со билатералните прашања и изрази разбирање за регионалните заложби и европските амбиции на Македонија. Според неа, меѓусебната регионална поддршка е важна за побрзи преговори и стекнување членство во ЕУ, а европската иднина на регионот се гради преку партнерство, меѓусебно разбирање и проширување.
Во разговорот за реформите, Сиљановска-Давкова ја посочи Естонија како релевантен модел за демократска транзиција, модернизација на институциите и дигитален развој.
Претседателката се заложи политичката и безбедносната соработка да се дополнат со економска, образовна, научна, културна и туристичка соработка. Двете ја потврдија важноста на сојузништвото во НАТО во контекст на актуелните безбедносни состојби и закани.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.