Според презентираната динамика, во 2027 година ќе се работи и на делницата пред Битола, а до крајот на 2028 година вкупно ќе бидат асфалтирани 28 километри автопат. Преостанатиот дел, кон Прилеп, ќе биде ставен во функција последен. Таму претходно треба да се решат прашањата со експропријацијата и преместувањето на постојната инфраструктура.
На средбата беа најавени и саеми за вработување во Битола и Прилеп, за ангажирање лица за потребите на проектот.
Динамиката на изградбата ја претставија новиот проектен менаџер на „Бехтел и Енка“, Ашвин Рао, заменик-раководителот Џанберк Атилла и менаџерот за одржливост Винсент Нугареде. Со нив се сретнаа градоначалникот Тони Коњановски и претседателот на Советот, Бојан Бојкоски, а присуствуваше и Венцо Шишкин, помошник-раководител на секторот за економски развој на Општина Битола.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.