359 вести · 24 ч.
Берово 6°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Министерката Сања Божиновска во Виена разговараше со генералниот секретар на австриското Сојузно министерство за економија, енергетика и туризам

Извор на фотографијата: Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини
Извор на фотографијата: Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Министерката за енергетика Сања Божиновска денеска во Виена се сретна со Северин Грубер, генерален секретар на австриското Сојузно министерство за економија, енергетика и туризам. Разговарале за билатералните и економските односи, енергетските прашања и енергетската транзиција.

На средбата биле разменети мислења и за можностите за продлабочување на контактите и размена на искуства во енергетскиот сектор.

Божиновска го започна учеството во програмата „Жени лидери – Југоисточна Европа и Црното Море/Јужен Кавказ 2026“ и учествуваше на сесија за оперативно управување со кризи. Програмата на Дипломатската академија на Виена ги поврзува жените на лидерски позиции од регионот, со цел зајакнување на лидерските капацитети и размена на искуства за предизвиците во јавниот сектор.

Во рамки на програмата, Божиновска имаше работен ручек со директорот на Дипломатската академија на Виена, амбасадорот Мартин Ајхтингер. Разговарале за лидерството, јавната служба и меѓународната размена на искуства.

Во продолжение на престојот, Божиновска ќе им се обрати на студентите на академијата и ќе одржи предавање за енергетската транзиција и актуелните состојби во енергетскиот сектор во Македонија. Меѓу темите се обновливите извори на енергија, модернизацијата на инфраструктурата, енергетската сигурност и регионалното поврзување.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.