Во 2025 година, највисок опфат меѓу регионите имал Источниот Регион со 55,5%, а најнизок Полошкиот Регион со 18,8%. Во Вардарскиот Регион опфатот изнесувал 49,0%, во Скопскиот Регион 42,9%, а во Југоисточниот Регион 41,3%.
Во Пелагонискиот Регион, во 2025 година биле опфатени 35,9% од децата на оваа возраст, во Југозападниот Регион 25,7%, а во Североисточниот Регион 24,6%.
Југозападниот Регион забележал намалување на опфатот од 27,3% во 2024 на 25,7% во 2025 година. Во Скопскиот Регион опфатот се зголемил од 39,5% на 42,9%, а во Источниот Регион од 53,3% на 55,5% во истиот период.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.