Повикот доаѓа по случај на насилство што го потресе Охрид.
„Преку глава ни е од молк, оправдувања и институции што не реагираат навреме“, стои во повикот.
„Охрид не молчит! Доста е!“ - со оваа порака е најавен мирен граѓански протест против фемицидите, родово базираното и семејното насилство и институционалното непостапување. Собирот ќе се одржи во сабота, 21 ноември, од 12:00 до 14:00 часот, со почеток на Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“.
Повикот доаѓа по случај на насилство што го потресе Охрид. Во најавата објавена на профилот „Охрид не молчит“ се нагласува дека насилството врз жените не се случува само „некаде таму“, туку и блиску до нас, меѓу луѓе што можеби ги познаваме.
„Преку глава ни е од молк, оправдувања и институции што не реагираат навреме“, стои во повикот. Барањата се заштита, одговорност и конкретни промени, со порака дека не смее да се чека да биде предоцна.
Од плоштадот, поворката ќе продолжи низ Охридската чаршија до СВР Охрид, а потоа по булеварот „Македонски Просветители“. Протестот ќе заврши пред Основниот суд Охрид.
„Доста е! Охрид нема да молчит!“ е пораката со која се повикуваат граѓаните да се приклучат на мирниот протест.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.