Во дневната контрола на квалитетот и безбедноста на водата, Секторот за санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје денес зеде 38 примероци од водоводната мрежа на Скопје. Еден од нив е од бунарскиот потег Нерези.
За сите земени примероци претпријатието најави физичко-хемиска и микробиолошка анализа. Испитувањата ќе се изработат во лабораториите на Секторот за санитарна контрола, акредитирани согласно „ISO“ 17025:2018, според основниот преглед-А од Прилог 4 на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење бр. 183/2018.
Мониторингот се спроведува според Прилог 2, Дел Б од истиот правилник. Примероците се земени според методата МКС „ISO“ 5667-5, која го уредува земањето примероци вода за пиење од пречистителни станици и водоводни дистрибутивни системи.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.