Посебно внимание доби улогата на центрите за јавно здравје во заштитата на населението. Беа разгледани нивните задачи во превентивните активности, епидемиолошкиот и санитарниот надзор, микробиолошката лабораториска дијагностика и проценката на ризиците по здравјето.
Разговорите за приоритетите и предизвиците во спроведувањето на основните, односно есенцијалните јавно-здравствени функции, ги опфатија и следењето на здравствената состојба на населението, промоцијата на здравјето и здравствената заштита.
Целта на работилницата беше унапредување на системот за јавно здравје, зајакнување на институционалните капацитети и подобра координација меѓу здравствените институции. Таа се одржа во согласност со насоките, препораките и стратешката рамка на Светската здравствена организација, следејќи ги нејзините меѓународни принципи и стандарди.
Центарот за јавно здравје Тетово го оцени учеството на вакви работилници како придонес кон размената на стручни искуства, унапредувањето на професионалните компетенции и зајакнувањето на јавно-здравствениот систем.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.