Најважно
391 вести · 24 ч.
Берово 2°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Во Ресен се довршува ресурсен центар за социјална поддршка

Фотографија објавена на јавниот профил на UNDP MK
Фотографија објавена на јавниот профил на UNDP MK

Во зградата на Општина Ресен се во тек завршните градежни работи на ресурсен центар за социјална поддршка. Се очекува центарот да биде целосно опремен и ставен во функција до крајот на ноември.

Ова е прв центар од ваков вид во општината. Предвидено е да функционира како единствена контакт-точка каде граѓаните ќе добиваат информации и советување, а ќе бидат упатувани до соодветните институции и даватели на услуги.

Упатувањето ќе се однесува на услугите во областа на социјалната заштита, вработувањето, образованието, здравствената заштита и административно-правната поддршка. Посебен фокус ќе имаат потребите на ранливите и маргинализираните категории, меѓу кои Ромите, жените, младите, лицата со попреченост и другите граѓани со ограничен пристап до јавни услуги.

Целта е да се воспостави поефикасна, потранспарентна и подостапна комуникација меѓу граѓаните и локалната самоуправа, како и да се олесни пристапот до информации, услуги и институционална поддршка.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.