382 вести · 24 ч.
Берово 7°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Во Неготино се одржа последната сесија на проектот „LAMO“ за одржлива мобилност

Извор на фотографијата: Општина Неготино
Извор на фотографијата: Општина Неготино
  • На сесијата учествуваа партнери од Грција, Босна и Херцеговина и Словенија.

Во Неготино вчера се одржа третата и последна сесија „Living Lab“ на проектот „LAMO“ за одржлива мобилност во Јадранско-Јонскиот регион.

Работната средба беше посветена на размена на искуства, дискусија за резултатите од претходните „Living Lab“ сесии и дополнително истражување на можностите за одржлива, безбедна, достапна и инклузивна мобилност.

На настанот присуствуваа претставници на институции, невладини организации, бизнис-секторот и граѓани, како и проектни партнери од Пела во Грција, Тешањ во Босна и Херцеговина и Идрија во Словенија. Градоначалничката на Неготино, Марија Нацева, го отвори настанот.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.