Преку ликовите и ситуациите на сцената, учениците порачаа дека непредвидените настани се дел од секојдневието, а финансиската писменост помага во донесувањето одговорни одлуки и во подготовката за ризици. Целта на изведбата беше на младите непосредно и интерактивно да им се приближат значењето на осигурувањето, препознавањето и управувањето со ризиците и важноста на финансиската заштита.
Посебен дел од содржината беше посветен на осигурувањето како механизам за финансиска заштита, на правата на осигурениците и на механизмите за нивна заштита. Учениците ја претставија и улогата на Агенцијата во заштитата на интересите на осигурениците, јакнењето на довербата во осигурувањето и создавањето услови за стабилен и одржлив развој на осигурителниот пазар.
Идејата и концептот за настапот ги развија гимназијата и Тимот за едукација на Агенцијата, предводен од координаторката Ратка Целаковски. Учениците ја преточија едукативната содржина во сценска изведба под менторство на професорката Емилија Величкова.
Со ваквиот пристап Агенцијата поттикнува финансиска и осигурителна едукација во која младите не се само приматели на информации, туку и активни учесници што го пренесуваат знаењето.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.