Форумот се одржа од 10 до 12 ноември во Младинскиот центар Охрид. При изборот биле земени предвид напредокот и степенот на спроведување на законските одредби од Законот за младинско учество и младински политики во општините.
Врз основа на анализата биле доделени осум награди, по една општина од секој плански регион. Целта на признанијата е да се истакнат добрите практики и да се поттикнат другите општини да ги исполнуваат законските обврски.
Велес е наградената општина од Вардарскиот регион.
Наградата во име на Општина Велес ја примил Даниел Јаневски, претседател на Советот на општината. Му ја врачило лице од Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Форумот и процесот на избор ги организирале Коалицијата на младински организации СЕГА и Младинскиот центар Охрид, во партнерство со ресорното министерство, Програмата за развој на Обединетите нации, Фондот за население на Обединетите нации, Регионалната канцеларија за млади и Организацијата за безбедност и соработка на Европа. Партнерите наведуваат дека заедничката цел е унапредување на квалитетот, препознавањето и одржливоста на младинската работа.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.