Најважно
390 вести · 24 ч.
Берово 2°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Ученици од прилепско училиште стекнуваат книговодствено искуство во биро

Фотографија објавена на јавниот профил на СОЕПТУ Кузман Јосифоски Питу Прилеп
Фотографија објавена на јавниот профил на СОЕПТУ Кузман Јосифоски Питу Прилеп

Учениците од дуалната паралелка за економски техничари во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“ во Прилеп стекнуваат практични знаења во реална работна средина.

Во Книговодствено биро „ДАТА ЕКОНОМИК“, под менторство на Даниела Анеска, учениците се запознаваат со секојдневните работни задачи, книговодственото работење, обработката на документација и основните сметководствени процеси.

Практичната работа им овозможува да ги поврзат теоретските знаења со практиката. Училиштето наведува дека учениците преку неа развиваат професионални компетенции, одговорност, самостојност и тимска работа.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.