Поделени во групи, учениците изработиле штандови со постери, географски и културни факти, традиционални обележја, храна и музика. На тој начин посетителите можеле да се запознаат со различни земји.
Посетителите го разгледувале саемот со импровизирани пасоши и добивале печати откако ќе се запознаеле со нови информации за претставените држави.
Училиштето наведува дека активноста придонела за проширување на географските знаења и запознавање со културните различности, како и за развивање на креативноста, тимската работа, комуникацијата и меѓусебната соработка кај учениците. Во описот на придонесите се наведуваат и поттикнување љубопитност, интерес за светот и почитување на културната разновидност.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.