Работејќи во мали групи, учесниците подготвуваа објави и сториња за кампањи, инфографици со бројки од работата на здружението, како и постери, флаери и други промотивни материјали. Со „ChatGPT“ испробуваа идеи, текстови и илустрации, а во „Canva“ ги изработуваа и доработуваа дизајните.
Во материјалите ги користеа логото, боите и фонтовите на Гласен Текстилец, со внимание на јасноста на пораката и читливоста. Покрај дизајнот, разговараа и за тоа како да ги проверуваат информациите добиени од вештачката интелигенција и да избегнуваат стереотипи во сликите што ги користат. Низ процесот ги водеше обучувачката Мартина Илиевска.
Обуката заврши со изложба и натпревар. Секоја група избра дизајни со кои ќе се натпреварува и ја претстави идејата зад нив, а победничката група беше избрана со гласање.
Активноста е дел од проектот „Институционално и економско зајакнување на жените и девојките од источниот регион“, кој го спроведува здружението за заштита на работничките права Гласен Текстилец – Штип. Проектот е финансиски поддржан од „The Kvinna till Kvinna Foundation“ и Шведска.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.