Најавеното обновување кај „Глобал“ започна, со замена на семафорските светлосни тела и санација на столбовите.
На семафорите кај „Глобал“ веќе е извршен стручен преглед за утврдување на евентуални неисправности. Избраната фирма ќе ја обновува опремата за да се обезбеди нејзино правилно функционирање.
Во следната фаза ќе бидат прегледани и семафорските уреди во подземната гаража и на булеварот „Климент Охридски“. По утврдувањето на евентуалните неисправности ќе следуваат соодветни работи за нивно одржување, санација и обновување.
За работите претходно е спроведена постапка за јавна набавка, а средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Струмица. Целта е поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот и сигурно и непречено функционирање на светлосната сигнализација.
Општината апелира до граѓаните да не лепат некролози, известувања и други печатени материјали на семафорските столбови, туку да ги користат поставените табли за огласување. Апелот е насочен кон зачувување на обновената опрема и уредниот изглед на јавниот простор.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.