Најважно
391 вести · 24 ч.
Берово 2°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

На Џек му треба мирен дом и трпелив вдомувач

Фотографија објавена на јавниот профил на ЈП за благосостојба на животни скитници „Лајка“-Скопје
Фотографија објавена на јавниот профил на ЈП за благосостојба на животни скитници „Лајка“-Скопје

Скопското ЈП „Лајка“ бара дом за кучето Џек, кому му се потребни трпелив вдомувач, спокојна средина и време да се опушти со свое темпо.

Од „Лајка“ го опишуваат Џек како малку исплашен и објаснуваат дека треба да му се остави време да го запознае човекот и сам да се приближи. Веруваат дека со нежност и поддршка може постепено да изгради доверба и другарство со својот вдомувач.

Џек е заловен на територијата на Општина Бутел. Заинтересираните за вдомување можат да ѝ пишат на „Лајка“ преку официјалната страница на Фејсбук за да го запознаат.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.