На улиците Даме Груев и Пролет се поставуваат заштитни столпчиња. На булеварот Партизански одреди се прередуваат пропаднати бехатон-плочи на пешачка патека и се нивелира пропадната шахта. На улицата Московска се прередуваат пропаднатите бехатон-плочи на пешачката патека.
На улицата Ѓорче Петров се вршат машински ископ и планирање тампон за пешачка патека. Во Мега паркот во Карпош се планира тампонски слој за пешачките и пристапните патеки. Во Зоолошката градина се рашалува парапет за заштитна ограда кај живеалиште на животни.
На кејот на Вардар рачно се чисти обраснатата вегетација на косините. Во текот на ноќта се одржуваат сообраќајната сигнализација и опремата на градските сообраќајници, а на семафоризираните крстосници се санираат дефекти на семафорите и светлосната опрема.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.