Новиот елемент е дрвена конструкција со шестоаголни делови исполнети со материјали за инсекти, а под неа се поставени жардиниери со цвеќе. Носи натпис „Хотел за инсекти“ и е поставен во покриен отворен простор.
Едукативната содржина ја објаснува поврзаноста меѓу растенијата и опрашувачите. Некои растенија зависат од точно определени инсекти и без нив не би можеле успешно да се размножуваат. Исчезнувањето на еден вид може да влијае врз опстанокот на многу други.
Од Националниот парк Шар Планина ја поздравија иницијативата, оценувајќи дека ја збогатува едукативната патека и придонесува за подигнување на свеста за биодиверзитетот. Притоа потсетија дека и најмалите организми имаат голема улога во одржувањето на природната рамнотежа.
Активноста ја реализираше Здружението на пчелари „Полошки Мед“ преку проектот „Малите херои на природата“, финансиран од Европската Унија преку проектот „Зелена младина, зелен раст“.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.