Најважно
391 вести · 24 ч.
Берово 2°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Општина Велес планира дератизација на 150.000 квадратни метри од денес, ако дозволат временските услови

Изворна графика: Општина Велес
Изворна графика: Општина Велес

Втората дератизација на јавните површини и објекти во надлежност на Општина Велес треба да почне денес, ако дозволат временските услови. Предвидено е да опфати 150.000 квадратни метри.

Ќе бидат опфатени јавните површини во градот и двата брега на Вардар, од Башино Село до компанијата „Агриа“. Активноста ќе се одвива под надзор на стручно лице од Центарот за јавно здравје Велес, а за оператор е избрана фирмата ЛИСА-КОМ МС ДООЕЛ од Кавадарци.

Општина Велес наведува дека селективниот препарат, од сертифициран производител, ги третира глодарите, има одобрение од Министерството за здравство за употреба во јавната хигиена и не претставува опасност за останатиот животински свет.

Истовремено, ЈКП „Дервен“ врши дератизација на канализациската мрежа преку шахтите поставени на јавните сообраќајни површини.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.