Најважно
391 вести · 24 ч.
Берово 2°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Работни групи во Скопје претставија четири концепти за идни проекти

Извор на фотографијата: Град Скопје
Извор на фотографијата: Град Скопје

На втората форумска сесија на проектот „Зајакнување на општинските совети - 2“ работните групи претставија четири концепти за можни идни проекти. Сесијата се одржа на 5 октомври во просториите на Град Скопје.

Концептите опфаќаат создавање уметност од отпад, уредени, функционални и безбедни урбани зелени површини за пешачење, спортување и рекреација, монтажни рампи за пристапност на јавните установи за лицата со попреченост и дигитална мапа на отпадот.

Работните групи добија насоки концептите да ги разработат во предлог-проекти за подобрување на урбаното живеење и во корист на граѓаните. Проектот им овозможува на граѓаните, здруженијата на граѓани и претставниците на институциите да разменуваат идеи и да предлагаат конкретни проекти.

На крајот ќе биде избран најдобриот проект, кој ќе се реализира со средства од предвидениот фонд. Проектот го спроведуваат УНДП и Град Скопје, а го финансира Швајцарската агенција за развој и соработка.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.