Според Грозданов, проблемот бил во тоа што објектот бил поставен хоризонтално, како своевидна брана во сливното подрачје. Тој ја отфрли одговорноста за летното доцнење, припишувајќи го на проектните недостатоци поради кои било потребно ново проектирање.
Во документацијата се направени неколку измени, откако била утврдена потребата од атмосферска канализација. Грозданов вели дека со корекциите е решено проектното прашање за канализациската мрежа и дека, и покрај тешкотиите, не се откажале од реализацијата на домот.
Градоначалникот изврши увид на градилиштето, каде што констатира засилени градежни активности и изрази надеж за напредок на објектот.
За решавање на прашањата што произлегуваат од измените на проектот, Грозданов и стручните служби од Општина Кочани се сретнаа со претставници на Министерството за социјална политика, демографија и млади.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.