Посетата беше дел од наставната единица „Запознај ја локалната самоуправа“ по предметот Општество. Надвор од училишните клупи, учениците непосредно се запознаа со работата на градоначалникот и општинската администрација, дополнувајќи го она што го изучуваат на часовите.
Во разговорот поставуваа прашања и споделуваа размислувања за функционирањето и развојот на локалната заедница, како и за активностите за подобрување на условите за живот во градот. Практичното дополнување на наставата беше насочено и кон граѓанските обврски и значењето на активното учество во средината во која живеат.
Сарамандов рече дека го радуваат интересот на децата, нивните прашања и размислувања за градот. Според него, ваквите посети се можност младите уште од најмала возраст да се запознаат со институциите и да се поттикнат да размислуваат за развојот на својата заедница.
Тој ја истакна заложбата на Општината за вложување во образованието, подобрување на условите во училиштата и создавање нови простори за игра, спорт и рекреација. Како цел ги посочи квалитетното детство и можностите за правилен развој на секое дете.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.