Со стратегијата треба да се дефинираат насоките за одржлив економски раст, привлекување инвестиции, поддршка на локалните бизниси и создавање нови работни места. Целта е да се овозможи подобар квалитет на живот за сите граѓани.
На првата средба беа презентирани методологијата за работа, динамиката на процесот и анализите на состојбите врз кои се заснова изработката на документот. Учествуваа претставници од општинската администрација, членови на Советот, претставници од здруженија на граѓани и од бизнис-заедницата.
Работилницата се одржа во кружната сала на поранешниот Комитет. Ја организираше општинскиот Сектор за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски развој.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.