Помошта е наменета за пензионери во социјален ризик. Право да се пријават имаат жителите на општината што примаат старосна, семејна, инвалидска или социјална пензија, доколку нејзиниот износ не го надминува утврдениот праг.

Барањето може да се подигне во Архивата на Општина Петровец, каде што се доставува и со потребната документација. Сите баратели треба да приложат фотокопија од важечка лична карта и фотокопија од трансакциска сметка.
Корисниците на старосна, семејна или инвалидска пензија треба да достават и доказ за последната примена пензија, односно потврда или чек од банката во која ја примаат. За корисниците на социјална пензија, односно на правото на социјална сигурност на стари лица, потребна е потврда или решение од надлежниот Центар за социјална работа.
Градоначалникот на Петровец, Борче Митевски, најави дека општината ја продолжува оваа помош, која ја доделувала и претходната година.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.