Градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов, оцени дека донираните маски и боци се значајни за спасување животи во најтешки околности. Според него, тие овозможуваат нормално дишење во затворени простории со висока токсичност, со што пожарникарите ќе можат подолго да се задржат при интервенциите.
Опремата е изработена од огноотпорни материјали и ги исполнува европските и светските безбедносни стандарди. Боците работат под притисок од 200 до 300 бари, а апаратите тежат околу три килограми без боцата. Имаат звучен аларм и прецизен манометар, инструмент за мерење на притисокот, за навремено предупредување.
Директорот на „Амфенол“, Сашко Наков, рече дека компанијата ја обезбедила донацијата за оваа година со цел да придонесе за поголема безбедност и ефикасност на пожарникарите на терен. Тој изрази надеж дека опремата ќе помогне во нивната заштита и ќе им даде мотивација и чувство на поддршка и во најтешките моменти.
Командирот на ТППЕ – Кочани, Драган Апостолов, се заблагодари за донацијата и оцени дека апаратите се од голема помош во справувањето со пожарите, кои, според него, се случуваат сѐ почесто.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.