Кампањата ја започнува Полициската станица од општа надлежност Берово при Министерството за внатрешни работи, во партнерство со Општината. Во превентивниот период граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со правилата и обврските за правилно паркирање и почитување на сообраќајниот режим.
Возилата треба да се паркираат исклучиво на места предвидени и означени за таа намена, а поставените сообраќајни знаци и сигнализацијата се задолжителни за сите учесници. Оставањето возила на коловозните ленти го попречува нормалното одвивање на сообраќајот и може да ја загрози безбедноста.
Целта е да се подобри сообраќајниот ред, да се овозможи непречено движење и да се зголеми безбедноста на сите учесници. Општината апелира до граѓаните за одговорно однесување и почитување на правилата, а кампањата ја поврзува и со градење доверба, соработка и заедничка одговорност меѓу институциите и граѓаните.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.