Најважно
391 вести · 24 ч.
Берово 2°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Полицијата лиши од слобода шест возачи поради сомнение за безобѕирно управување

Архивска фотографија · Извор: mvr.gov.mk
Архивска фотографија · Извор: mvr.gov.mk

Полицијата лиши од слобода шест возачи на различни локации во државата поради сомнение за безобѕирно управување со моторно возило. Четворица управувале без положен возачки испит, еден под дејство на алкохол, а еден со активна забрана за управување.

Меѓу лицата лишени од слобода се М.И. (29) од Сарај, С.Б. (49) од Јурумлери, скопско, А.А. (23) од Струга и И.М. (37) од Стојаково, Општина Богданци. Тие управувале возило без положен возачки испит.

Р.Ш. (49) од Кукуречани, битолско, возел под дејство на алкохол, а Л.К. (35) од Велешта, струшко, имал изречена активна забрана за управување.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.