Во презентацијата беше објаснето дека работата на фармацевтот не се сведува само на издавање лекови. Таа опфаќа и давање стручни совети, учество во истражувања и проверка дали лековите ги исполнуваат стандардите за квалитет и безбедност.
Учениците дознаа дека фармацевтите работат во аптеки, лаборатории и фармацевтски фабрики, а се запознаа и со нивните различни одговорности. Посебен дел од презентацијата бил посветен на проверката на квалитетот на лековите.
Преку прикажани чекори, учениците се запознаа со земањето и подготовката на примерок, лабораториското испитување и анализата на резултатите. Во практичниот дел мешале различни супстанции, кои училиштето ги опишува како безбедни за нив, и ги набљудувале реакциите.
Преку овие примери, учениците учеа зошто лековите минуваат низ строги проверки пред употреба. Средбата ја поврза наставата по природни науки со грижата за здравјето и со одговорностите на луѓето што работат во оваа професија.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.