Лукровски учествуваше и на панел-дискусијата „Од закон до локална реалност“, каде што ги презентираше активностите и искуствата на Општина Карпош. Во фокусот беа квалитетните младински програми, достапните простори за младите и нивното активно учество во креирањето локални политики.
На Националниот форум за младинска работа се разменуваа искуства и се дискутираше за предизвиците и можностите за поголема институционална и финансиска поддршка на младите и младинските центри.
На форумот беше истакната и Декларацијата за развој и унапредување на младинската работа. Таа е основа за посистемски пристап кон младинските политики, воспоставување и поддршка на младински центри и зајакнување на капацитетите на младинските работници и локалните институции.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.