На средбата ректорот Куштрим Ахмети ги запозна со историјата на основањето на универзитетот. Потоа, на Филозофскиот факултет, деканката Шерузе Османи-Балажи и продеканката за настава Фиторе Бајрами прикажаа два видеоматеријали за предизвиците и развојот на институцијата низ годините.
Студентката Нурије Мусај зборуваше за квалитетот на наставата, поддршката од професорите и значењето на стручната практика за време на студиите. Учесниците поставуваа прашања и разговараа за студиските програми, научната дејност, функционирањето на универзитетот и студентскиот живот.
„OriginAL“ е независна иницијатива основана во 2022 година од „GERMIN“ и „Global Albanians Foundation“. Програмата има цел да ги поврзе младите од дијаспората со земјите на потекло преку образовни, културни и волонтерски искуства. Во посетата придонесе и тетовската организација Лоја, партнерка на програмата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.