Најважно
391 вести · 24 ч.
Берово 1°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Куманово го одбележа Денот на градот со доделување Ноемвриски награди

Извор на фотографијата: Општина Куманово
Извор на фотографијата: Општина Куманово
  • Постхумни признанија им беа врачени на семејствата на тројца истакнати кумановци.

Во Занаетчискиот дом во Куманово денеска се одржа свечена академија по повод Денот на градот, на која беа доделени Ноемвриските награди и признанија.

На академијата присуствуваа делегации од земјава и странство, претставници на збратимени градови и соседни општини, државни институции, локални установи, училишта и здруженија. Се обратија градоначалникот Максим Димитриевски, претседателката на Советот на Општината Ивана Ѓорѓиевска и советници од различни етнички заедници.

Ноемвриските награди им беа врачени на поединци и правни лица за нивниот професионален ангажман и придонес во различни области. Градоначалникот додели и благодарници и плакети, а во име на добитниците се заблагодари академската вајарка и визуелна уметница Марина Цветановска-Мартиновска.

Постхумни признанија им беа врачени на семејствата на Филип Стевановски, Јасмина Голубовиќ и Димитар Антевски. Во програмата беше прикажан и преглед на општинските проекти и активности од изминатата година.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.