Проектот „Heart Safe CBA“ е насочен кон навремена реакција преку едукација, медицинска опрема и унапредување на практичните капацитети на здравствените служби. Обуките треба да опфатат техники за спасување животи, основно и напредно одржување во живот и постапување во итни медицински ситуации.
Планирани се набавка на амбулантни возила, дефибрилатори и електрокардиографи, како и воспоставување капацитети за медицинска симулација и практична обука. Проектот се спроведува во рамки на програмата „Interreg VI-A IPA“ Грција – Северна Македонија 2021–2027, со средства од Европската Унија и националните фондови.
Партнери се Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Универзитетската болница АХЕПА од Солун и Хеленското здружение за итна претхоспитална медицинска грижа.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.