Белите облачиња ја симболизираа невиноста, надежта и споменот. Со посветата, СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ потсети дека зад секој загубен живот остануваат семејство, пријатели и неостварени планови.
Под пораката „Животот е еден – заштитете го!“, од перформансот беше упатен апел за почитување на сообраќајните правила, приспособување на брзината, избегнување возење под дејство на алкохол и внимателно однесување. Целта беше учесниците во сообраќајот посериозно да ја сфатат сопствената одговорност за заштита на себе и на другите.
Во активноста учествуваа и учениците од Училишната сообраќајна единица при СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, со ангажман за промовирање на сообраќајната култура и безбедноста. Млади учесници со рефлектирачки елеци делеа печатени материјали на возачи.
Перформансот го организираше Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – Прилеп, во соработка со основните училишта од градот, Општина Прилеп, училишната сообраќајна единица, Полициската станица – Прилеп и компании.
Повод беше Светската недела во спомен на жртвите од сообраќајни незгоди, која се одбележува во третата недела од ноември по иницијатива на Светската здравствена организација. Одбележувањето има цел да ја подигне свеста за последиците од сообраќајните незгоди и потребата од поголема одговорност и безбедност.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.