Апаратот овозможува мерење на коскената минерална густина, откривање на остеопорозата и следење на ефектите од лекувањето, наведуваат од здравствената установа.
Од болницата соопштија дека со новата опрема и медицинскиот кадар оваа услуга ќе биде достапна локално, без потреба пациентите да се упатуваат во други здравствени центри за ваков преглед.
Отворањето на кабинетот е дел од вложувањата во медицинска опрема и проширувањето на здравствените услуги, информираат од ЈЗУ Општа болница Струмица.
Од болницата најавуваат дека ќе продолжат со вложувањата во медицинска опрема и проширувањето на здравствените услуги.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.