Клековски ги посочи Мој Термин, дигитализираниот ФЗО и подготвената стратегија како основа за натамошниот развој на дигиталното здравство.
На работилницата, одржана како придружен настан на петтата Конференција за здравство на АмЧам, учествуваа претставници на институции, експерти и луѓе од здравствениот сектор. Клековски оцени дека најважно било заедничкото учество на сите што треба да го направат следниот чекор, а не самата презентација.
Меѓу учесниците беше и проф. д-р Коен Кас, кој, како што пренесе Клековски, се залага за иднина со попаметна медицина, поблиска до човекот, наместо со поскапа медицина.
Клековски го нарече тврдењето дека сме премали најлош изговор и оцени дека малата држава може да биде и предност. Како пример ја посочи Естонија, која има помалку жители од Македонија, а која тој ја опиша како светска референца за дигитална држава.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.