Министерството го објаснува изостанувањето на понудите со проблеми во глобалното производство, а не со домашната постапка за набавка.
Според Министерството, оваа година заедно се променети сите три вирусни соеви во вакцината, два за грип А и еден за грип Б. Светската здравствена организација и американската агенција ФДА ги ажурирале трите соеви истовремено, што го одложило почетокот на производството кај производителите ширум светот.
Министерството е во постојана комуникација со земјите од регионот и пошироко. Настојува вакцините да бидат обезбедени што побрзо за вакцинацијата на ранливите категории да почне според планираното.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.