„Мораме да одиме до коренот на проблемот, а тоа се нездравата исхрана и отсуството на физичка активност“, порача Клековски. За училишната исхрана тој побара повеќе овошје, зеленчук и свежо приготвена храна.
Министерот, заедно со проф. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања, ја упати пораката „Рано делување против дијабетесот“.
Според Министерството за здравство, повеќе од 40 проценти од луѓето што живеат со дијабетес не знаат дека го имаат. Министерството предупредува дека дијагнозата често доаѓа доцна, кога компликациите веќе се присутни, во најпродуктивните години од животот.
Како четири столба на политиката на Министерството и Владата се наведуваат здрав живот од најрана возраст, посилна превенција и скрининг во примарната здравствена заштита, достапност до современа терапија и средина без стигма.
Достапноста до терапија ги опфаќа инсулинот и помагалата, со проширено следење со сензори. Заложбата за средина без стигма се однесува на училиштата, работните места и општеството.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.