Според Клековски, анализата покажува дека основата за функционирање на јавното здравје веќе постои: институции, законска рамка, национални програми и стручни капацитети. Предизвикот, како што посочи, е тие да функционираат поврзано и координирано.
Како втор приоритет ја постави посилната превентивна улога на Институтот и центрите за јавно здравје, со континуитет од скрининг до дијагноза и лекување. Третиот е модернизација на законската рамка и јасна координација меѓу институциите при јавно-здравствени ризици.
„Не ни се потребни нови стратегии и документи, туку подобро организиран систем со јасни одговорности“, порача Клековски. Од работилницата очекува ограничен број реални мерки, за секоја со определена одговорна институција, рок и начин на мерење на резултатот.
Клековски ја отвори работилницата заедно со д-р Аким Али од Светската здравствена организација во Македонија и д-р Марија Андоновска од Институтот за јавно здравје на Македонија. Работилницата е поддржана од СЗО, а учествуваа претставници на институциите, академската заедница и граѓанските организации.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.