Новата есенцијална листа опфаќа 392 лека, од кои 193 се нови. Со ЦФ-модулатори се лекуваат 126 пациенти со цистична фиброза, наспроти тројца во 2021 година. Подготвени се протоколи за дисперзирана терапија за пациентите со мултиплекс склероза; од вкупно 835 пациенти, 491 живеат надвор од Скопје. Деблокирана е донацијата на фактор VIII, а обезбедени се 86.000 дози вакцини против сезонски грип.
Обновени се трауматологијата на Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ и неврофизиологијата на Универзитетската клиника за неврологија. Во Бардовци е реновиран „машкиот оддел 2“. Клиничката болница во Битола добива опрема во вредност над 30 милиони денари, а во Клиничката болница во Тетово се вработени 109 досегашни договорци.
Во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид се очекува да завршат активностите за ново крило и четири операциони сали. Реновирањето на психијатриските установи продолжува во Демир Хисар.
Клековски посочи дека радиодијагностиката, онкологијата, Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и концептот за долгорочна нега се области во кои треба да се направи повеќе. Тој зборуваше и за Стратегијата за дигитално здравство до 2030 година и за дигитализација на услугите.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.