Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Хирурзи од „Шеба“ оваа недела ќе им помагаат на повредените од Кочани

Фотографија објавена на јавниот профил на Министерство за здравство
Фотографија објавена на јавниот профил на Министерство за здравство

Тројца хирурзи од Медицинскиот центар „Шеба“ од Тел Авив оваа недела ќе им помагаат на повредените во трагедијата во Кочани. Министерот за здравство Сашо Клековски ги пречека денеска на скопскиот аеродром.

Хирурзите најпрво ќе ја проценат состојбата на пациентите, а потоа се планирани интервенции во Кочани и Скопје, заедно со домашните медицински тимови.

Тимот го сочинуваат д-р Моти Харац, директор на Националниот центар за изгореници, д-р Матан Шерф, специјалист по пластична и реконструктивна хирургија и хирургија на рака, и д-р Тал Канфино Кац, ортопедски и реконструктивен хирург. Харац и Канфино Кац беа во Македонија и веднаш по трагедијата, кога работеа заедно со македонските лекари.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.