Асистентот е наменет да им помогне на корисниците да откриваат и купуваат производи. Според ТикТок, тој го разбира контекстот и ги памети преференциите и потребите на корисниците во текот на разговорот, а нуди насоки за купување во реално време. Тие вклучуваат информации за производи, испорака, големини и достапност, како и помош при завршување на купувањето.
Опцијата за директно купување ќе биде достапна од видеотекот „For You“, главниот алгоритамски видео-тек на апликацијата. Корисниците ќе можат да купат производ од бренд со еден клик.
ТикТок наведува дека функциите се развиваат со платформи за трговија и даватели на плаќања, меѓу кои „Salesforce“, „Shopify“, „Shoplazza“ и „Stripe“.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.