Се очекуваат и верзии за „Linux“, „iPhone“ и „Android“. За извршување на моделите на корисничкиот хардвер се користи „Husky“, систем што Вен го изградил. Вен вели дека тој пренесува помалку податоци меѓу главниот и графичкиот чип од конкурентните системи за локално извршување модели.
„Underdog“ има и функција за шифрирање на клучевите за е-пошта и други сметки до кои корисникот ќе му одобри пристап.
Асистентот користи модел за расудување со 27 милијарди параметри, доработен врз основа на „Qwen3.8-27B“. Тој е помал од најнапредните модели што работат во дата-центри. Вен за „TechCrunch“ вели дека моделот во некои тестирања се споредува поволно со „Claude Opus“ 4.6 и дека може да се справи со секојдневни задачи, како истражување за купување и одговарање на математички прашања.
Апликацијата првично ќе биде бесплатна и нема да биде поддржана со реклами. Според планот, „Underdog“ ќе зема мал процент од плаќањата што асистентот ќе ги извршува преку „Stripe“.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.