Дводневниот хакатон ќе се одржи на 12 и 13 декември 2026 година во бараките на ФИНКИ, на улицата Септемвриска сесија во Скопје. Го организира проектот „VEZILKA“ – Национална фабрика за вештачка интелигенција.
Покрај програмерските вештини, подеднакво се потребни познавање на областа во која ќе се развива решението, дизајн и презентирање. Затоа се охрабруваат тимови со учесници од различни дисциплини. Препорачани се тимови од двајца до тројца учесници, кои се формираат на платформата „Discord“.
Тимовите ќе можат да изберат една од 11 теми или да работат на сопствена идеја. Понудените теми се образование, јазик и говор, документи и архиви, јавна администрација, право и законодавство, здравство, енергетика и инфраструктура, земјоделство и животна средина, бизнис и автоматизација, култура и медиуми и доверлива вештачка интелигенција.
За развој на решенијата, учесниците ќе добијат пристап до моделите, податоците и компјутерската инфраструктура со графички процесори („GPU“) на „VEZILKA“. Ќе имаат и менторство од истражувачи и експерти од индустријата.
Тимовите со најдобрите решенија ќе добијат можност да се вклучат во проектот „VEZILKA“ до три месеци. Во тој период ќе можат да го развиваат своето решение или да работат на други проекти за вештачка интелигенција.
Пријавувањето е отворено до 29 ноември 2026 година, а формуларот и дополнителните информации се достапни на страницата на хакатонот.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.