Ким ги посети обновениот аеродром, туристичката железничка пруга и скијалиштето. Хотелите, одморалиштата и станбените објекти ги оцени како беспрекорно изградени и со највисок квалитет, опишувајќи ги како објекти за чиста десетка.
За време на посетата се искачи и на планината Пекту, каде што ги обиколи обновената станица на жичницата и работите близу Небесното Езеро. Таму побара највисок квалитет на сите објекти.
Туризмот во Северна Кореја е строго контролиран, а движењето на странските посетители е ограничено. Земјата прима одреден број туристи преку однапред организирани тури со задолжителна придружба од водичи.
Обиколката близу кинеската граница се случува во време на изјави за можни средби на Ким во Кина. Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека постои можност да се сретне со него во Кина во текот на оваа недела. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека и Владимир Путин би можел да се сретне со севернокорејскиот лидер, доколку тој допатува на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК).
Во меѓувреме, со рускиот претседател Путин се сретна Џо Јонг Вон, член на Президиумот на Политбирото и секретар на Централниот комитет на владејачката Работничка партија на Северна Кореја.
Јужнокорејското Министерство за обединување соопшти дека ќе го следи развојот на настаните. Притоа посочи дека севернокорејската делегација, која била во Русија од 14 ноември, патувала непосредно пред самитот на САД, Кина и Русија планиран за оваа недела.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.