Во пукањето на 23 октомври во црквата во јужната област Карак загинаа седум лица, а уште 34 беа ранети. Јордански суд вчера осуди тројца мажи на смрт со бесење во врска со нападот. Властите ги опишаа како следбеници на тврдокорна исламистичка идеологија.
Како одмазда за нападот, Јордан изврши воздушни напади во соседна Сирија и соопшти дека убил 20 милитанти на Исламска држава. Владата призна дека во нападите загинале и цивили.
Нападите врз христијанското малцинство се многу ретки во Јордан, релативно стабилна блискоисточна држава и близок сојузник на САД, која одржува дипломатски и воени односи со соседен Израел. Христијаните сочинуваат околу три проценти од населението од 10 милиони жители, а земјата е дом на една од најстарите христијански заедници во светот.
„Telegram“ не е првата платформа што Јордан ја забранил. Во декември 2022 година властите го забранија и „TikTok“ поради видеа за кои тврдеа дека поттикнуваат убиства и хаос. Милитанти на Исламска држава, пак, со години го користеле „Telegram“ за пропаганда и комуникација.
Апликацијата ја создадоа милијардерот Павел Дуров, роден во Русија и сега со седиште во Дубаи, и неговиот брат Николај. „Telegram“ беше пуштен во употреба во 2013 година.
Во јули Русија соопшти дека го обвинила Дуров за помагање терористички активности, тврдејќи дека платформата овозможува користење алатки за координирање смртоносни напади и саботажи низ земјата. Дуров ги отфрла обвиненијата и тврди дека „Telegram“ направил повеќе од своите обврски во модерирањето на содржините и помагањето на властите во борбата против криминалот.
Дуров се опишува себеси како либертаријанец и повеќепати се судирал со влади што бараат поголем пристап до платформата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.