Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Захариев со нокаут во финалето го освои „Златен гонг“ во Скопје

Фотографија од настанот · Олимписки комитет на Северна Македонија
Фотографија од настанот · Олимписки комитет на Северна Македонија
  • Захариев го совлада Ребернак со нокаут во втората рунда.
  • Алин Насуфи беше прогласен за најдобар македонски боксер.
  • На турнирот настапија 89 боксери од 20 земји.

Украинскиот боксер Јурих Захариев е победник на јубилејното 55. издание на меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“ во Скопје. Во финалето во категоријата до 75 килограми тој го совлада Словенецот Лука Ребернак со нокаут во втората рунда.

На турнирот настапија 89 боксери од 20 земји. За најдобра боксерка беше прогласена Лаура Галино Лопез од Шпанија, додека Алин Насуфи го доби признанието за најдобар македонски боксер.

На јубилејното издание беше доделена и плакета за развој и поддршка на боксот, која во име на Македонскиот олимписки комитет (МОК) ја прими неговиот претседател Даниел Димевски. Признанието е доделено за улогата на МОК во развојот на овој спорт.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.