Секуловски настапувал за повеќе клубови, меѓу кои Тетекс, а подоцна и Шкумбини.
Од Тетекс изразија длабока жалост во име на целиот стручен штаб и на поранешните и сегашните членови на клубот. Веста за неговата смрт ја примиле со тага и неверување.
„Владимир, почивај во мир. Засекогаш ќе останеш дел од нашето семејство“, порачаа од клубот, упатувајќи искрено сочувство до семејството, најблиските и сите што го познавале.
Од Владимир Секуловски се прости и ФК Работнички. „Вечно ќе ги паметиме твоите шеги, твоето насмеано лице“, порачаа од клубот, изразувајќи сочувство до семејството и најблиските.
Последен поздрав до Љаки упати и ФК Љуботен Тетово. Од клубот го опишаа како дел од нивната спортска приказна, чие име ќе остане поврзано со Љуботен, и изразија сочувство до семејството, блиските и пријателите.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.