Настанот го организирал „Гевгелија Точак Клуб“, а на турата учествувале љубители на велосипедизмот од различни делови на Македонија и од различни генерации.
Стартот бил од центарот на Серменин. Учесниците возеле до Волчка Чешма, а потоа до викенд-населбата „Коњаре“, каде што била предвидена пауза. Потоа продолжиле кон Висока Чешма и преку Волчка Чешма се вратиле во селото.
Покрај велосипедската тура, викендот опфатил дружење, кампување и престој во природа. Маршрутата им овозможила на учесниците да ги доживеат природните предели на Кожуф.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, оценил дека ваквите настани придонесуваат за афирмација на спортот и активниот начин на живот, како и за промоција на туристичкиот потенцијал и природните убавини на Гевгелија. Тој им честитал на организаторите и на ентузијастите од Гевгелија.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.