Киран Боуви ја доведе Шкотска во водство во шестата минута, со удар од 25 метри. Најсериозниот обид на Македонија во првото полувреме го имаше Бојан Илиевски, но неговиот удар во 22. минута беше непрецизен.
Шкотска ја потврди победата со пеналот што Џон МекГин го реализираше во 70. минута, по игра со рака на Миовски. Судијата Летесие покажа на белата точка по интервенција на ВАР. Претходно, по асистенција на ВАР беше повлечен пенал досуден по стартот на Гаштаров.
Гостите ги одиграа последните десет минути со играч помалку, по исклучувањето на Скот МекКена, но Македонија не успеа да постигне гол.
Во извештајот за претходниот натпревар во Лигата на нации, ФФМ објави дека Македонија загубила од Словенија со 0 спрема 2 во Љубљана. По тој меч, репрезентацијата по две одиграни средби беше без постигнат гол.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.